#ТРЕНД
Ѕвездата од хит серијата „Gossip Girl“ стана татко
Домино Кирке, сопругата на Пен Бадгли, го роди нивното прво дете. Двојката доби син на 11 август, но дури сега тоа го открија за јавноста на необичен начин.
Кирке постави отпечаток од плацентата на бело парче хартија и откри дека бебето пристигнало пред 40 дена.
Бадгли многумина го паметат како Ден од серијата „Gossip Girl“. Тој е во врска со Кирке од 2014 година, а се во брак од 2017 година.
Кирке е пејачка и таа ја објави својата бременост во февруари, а потоа сподели дека претходно „имала два спонтани абортуси“.
„Престанав да верувам во моето тело и почнав да го прифаќам фактот дека завршив со породувањето“, напиша Кирке, кој во 2009 година го доби синот Касиус Рајли.
Бременоста поминала добро, па парот сега има син чие име сè уште не е откриено.