#ТРЕНД
„Ѕвездите на Гранд“ продолжува со снимање, Саша Поповиќ ги откри новите промени
Популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ повторно ќе почне да се снима на 25 мај, но ќе има промени.
„Ќе биде стариот систем во ново опкружување. Сè уште нема публика и секој член на жирито ќе има своја преграда од плексиглас и така ќе биде заштитен секој од нив. Исто така вративме неколку кандидати кои заслужуваат повторно да се натпреваруваат, затоа што сега немаме финале во јуни, ќе биде преместено во следната година.
Се уште не е познато какви мерки ќе преземат околните земји, така што е најбезбедно за снимањето сега да го направиме со конкурентите од Србија. Последната емисија ќе заврши на крајот на јуни и тогаш ќе направиме уште пет емисии со кандидати од поранешна Југославија”, вели Саша Поповиќ.
На кандидатите кои се натпреваруваа во сезоната 2019/2020 на есен ќе им се приклучат и нови пејачи.
“Ние ќе направиме „онлајн“ аудиции. Секоја година започнуваме со 400 до 500 учесници, а оваа година ќе биде поинаква. Значи, овие 120 што останаа и ќе додадеме други. Жал ми е што ја завршив сезоната толку брзо затоа што останатите се феноменални кандидати. Го продолживме натпреварот, и иако нема публика , а жирито има бариери меѓу нив, сигурно е дека шоуто ќе продолжи . Една мала искра е доволна за нас и тогаш сè ќе гори, плексигласот нема да не спречи да правиме шоу“, рече Саша.