93-годишната баба која позираше со натпис „Ми треба уште пиво“, доби 150 лименки пиво, испорачани на нејзината врата.
На Олив Веронеси и снемало пиво, па решила да напише знак: „Ми треба повеќе пиво“ додека е во карантин, а една од нејзините роднини направила фотографија.
Сликата подоцна беше објавена на социјалните медиуми, каде што доби над 5 милиони прегледи. Претставници на пивото Coors Light кое таа го држеше во раката до напишаниот знак, на тремот на Oлив и оставија 10 кутии пиво – 150 лименки.
Оливија се само-изолирала во нејзината куќа во Семиноле, Пенсилванија, поради ограничувањата од КОВИД-19 и вели дека нејзините резерви за пиво биле при крај.