Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Ајкула касна жена, се појави страшно видео на социјалните мрежи

Нападите на ајкули врз луѓето зачестија, а веста дека се случил уште еден ги вознемири сите.

Имено, повторно се случи напад на ајкула, овој пат во Тексас, а жртвата е жена која пливала во плиткото. Ненадејно ја нападнала ајкула.

Како што пишува Дејли Мејл, нападот се случил на плажата на островот Јужен Падре.

На снимката од нападот, која е објавена на социјалната мрежа Х, се гледа ужасот по нападот на ајкулата.

На помош на жената и пришле луѓе, минувачи, кои веднаш почнале да ги санираат повредите кои ги здобила при нападот. После тоа, несреќната жена била пренесена во локална болница.

Ајкулата се обидела да нападне уште две лица, кои за среќа навреме избегале.

На почеток
error: