Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Трендови

(Видео) „Ако имало јавашлук 13 години, обвинителот требало да седне на обвинителна клупа“, остро реагираше Шилегов на судењето за „Пулс“

Медиасет.мк
пред 11 месец
media-libraryb9uhirphgpfudiSNZOP

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, адвокатот Петре Шилегов – бранител на обвинетиот службеник од Министерството за економија, Шефкет Хазари – остро ја нападна теоријата на случај што ја застапува обвинителството, оценувајќи дека доколку се прифатат нивните аргументи, тогаш одговорност треба да понесе и самиот обвинител.

Според Шилегов, обвинителството во обвинителниот акт тврди дека во изминатите 13 години имало системски пропусти и „јавашлук“, кои, како што навел обвинителот, довеле до услови за трагедијата во март 2025 година во кочанската дискотека „Пулс“, кога загинаа 62 млади лица.

„Обвинителе, ако ни тврдевте на нас дека постоел тој јавашлук, што правевте вие 13 години во Кочани? Што правевте? Ако ја прифатиме вашата теорија, тогаш обвинителот требаше да го слуша, а не да го чита обвинителниот акт!“, изјави Шилегов, алудирајќи дека обвинителството со години не реагирало на наводните пропусти.

Обвинителот побарал одговори, но судијката го прекинала со образложение дека објаснувањата ќе може да се дадат на крајот од рочиштето.

Шилегов истакна дека темелно размислувал дали да ги чита делата што му се ставаат на товар на Хазари, но, како што рече, морал да го стори тоа за да покаже дека обвинителниот акт нема правна суштина.

„Долго размислував дали да одам со читање на кривичните дела и дека тоа мора да го сторам, затоа што, како што велам, правно поаналфабетски памфлет немам видено, бидејќи ова не заслужува да носи име обвинителен акт“, рече адвокатот.

Со ова, одбраната продолжи да ја оспорува правната валидност на обвинението, тврдејќи дека обвинителството изградува случај врз претпоставки, а не врз реални докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh205c0hfl2fs8CaqvRw

Сивата и бордо бојата се најпосакуваниот моден спој оваа есен

Трендови | пред 5 дена

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 1 седмица

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 2 седмици

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања