Медиасет
(Видео) Албин Курти грешно реши математичка задача, министерот за образование му апаудираше во училница
Косовскиот премиер Албин Курти јавно им се извини на учениците што направиле грешка при решавањето математички задачи на почетокот на учебната година.
„Ви благодарам на топлината, добредојдовте во вашата нова училишна зграда… Но, морам да кажам дека ми е драго што повеќе не сум ученик, бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, напиша Албин Курти на Фејсбук, пренесува Политико.
Коментарите за Курти се шират откако видеото на кое се обидува да реши алгебарски проблем стана вирално на социјалните мрежи.
Курти е снимен во училницата за време на отворањето на новото училиште во Подуево.
Откако Курти самоуверено ја реши математичката задача, сите во просторијата аплаудираа, а на тоа се вклучи и министерот за образование Арберија Нагавци.
Имаше само еден проблем – одговорот беше неточен.
Корисниците на социјалните мрежи брзо ја забележаа грешката во решението на Курти, која требаше да биде X=0 наместо X=5.
Размислувајќи за грешката, Курти додаде:
„Да размислував подолго за тоа, ќе сфатев дека точниот одговор е x=0, но во тој случај, мислам дека немаше да имам храброст да ја земам кредата и да го напишам точното решение. Се извинувам. Решението на таа равенка, како што знаете подобро од вашиот премиер, е X=0“, напиша тој.