Медиасет
(Видео) Арсовски-Луди со втор сингл за кратко време, нешто што не им успева и на најголемиот број македонски ѕвезди
Објавени се нова спот и песна на музичката сцена од Андреј Арсовски-Луди кој за кратко време веќе го промовира неговиот втор хит. „Еден сон“ е композиција зад чија музика, текст и аранжман се потпишува Давид Блек. Арсовски посочува дека ова е само старт, а музиката за него е љубов и предизвик, а смета дека тоа што ќе следува ќе биде уште подобро.
„По ‘Само така знаеме’, решивме да ја објавиме и ‘Еден сон’. За шест месеци излегоа две песни, со два видео записи. Нешто што можеби не го прават ни најголемите ѕвезди. Сепак, ова е само старт, најдоброто тек следува. Како што кажува и песната: ‘Ако нема кој да победам, тогаш самиот ќе се победам’“, вели Луди.
Арсовски, свири пијано и гитара, а истовремено е и успешен кајакар. Инаку, Андреј е познат на домашната јавност по неговите успеси во кајакарската репрезентација на Македонија, каде во изминатиот период донесе медали од меѓународни натпревари.