Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Атиџе главна на прославата за 8-ми Март, ги собра сите овации со една песна

Хероината од Медена земја, ѕвездата Атиџе Муратова, годинава за првпат го славеше денот на жената во ресторан, заедно со други жени. Според видеата објавени на социјалните мрежи, Муратова била во Ниш-Лесковац, аранжман организиран од туристичка агенција.

Според објавените снимки, може да се види дека Атиџе ги забавувала сите кои славеле 8-ми Март во ресторанот со неа. Таа ја испејала екстра популарната композиција, чиј автор е таа, „Чекор по чекор“.

Атиџе претходно за „ММС“ изјави дека таа никогаш не го славела денот на жената, а понекогаш добивала подароци. Таа раскажа и за нејзината мајка, која се радувала на подароците кои и ги купувала.

-Тоа е ден кога жените и мајките треба да се радуваат. Јас досега не сум го славела „8 Март“, сега прв пат ќе одам во ресторан. Понекогаш сум добивала подароци. Блиските ќе ми донесат цвеке и убаво е чувството. А јас не сум имала можност на мајка ми да и купувам подароци. Само еднаш и купив црвено цвеќе и таа многу се израдува. Се радуваше и таа а искрено се радував и јас заради неа. Да можев да и купувам повеќе подароци додека беше жива ќе и купував ама не можев, ми требаа пари за лекарства. Откако ме касна кучето на комшиите животот ми се смени и сите пари ги давав по болници и лекови, вели Атиџе.

Погледнете ја атмосферата на прославата за 8-ми март:

https://www.facebook.com/crvoexpress/videos/221740709016904/

https://www.facebook.com/crvoexpress/videos/131829478268676/

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: