Медиасет.мк

#ФАЦИ

Цртав маици на тротоар во Малта и неможев да постигнам со нарачки, вели дизајнерката Моника тврдејќи дека секаде може да се успее

Луѓето кои ја познаваат ја опишуваат како неуморна уметничка душа. Можеби ова звучи клише, ама затоа нејзините креации се вистински уникат. Додека пазарот е презаситен со исти парчиња во различна боја, кои сите ги носиме, таа секојдневно креира нов бран на различни креации. Нејзиниот бренд е „БМ дизајн“, а зборуваме со и за Моника Блажевска.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1052440548474057&id=100011243659118

За разлика од многумина кои прво ќе ја истакнат нивната самокритичност, Моника за неа ќе каже дека се смеа за уметник и дизајнер кој не ретко може да работи повеќе од уметноста. Предизвик и се нарачките кои секогаш се неизвесни. Таа ни раскажа за една таква, која е подарена на познатата српска пејачка Луна Џогани. Станува збор за микрофон, рачно извесен со монистри.

„Искрена да бидам до сега немав работено вакво нешто, ако се земе обзир дека станува збор за декорирање и дизајн на накит и аксесоари. Ова беше нешто слично, но сепак тешко, макотрпно, го работев 3 дена без спиење до раните утрински часови. Пресметано, излегува дека имам потрошено 35 часови за изработка. До оваа соработка дојде случајно кога една пријателка ми се јави и ми рече само ти можеш да го направиш ова… Инаку што се однесува до ова специјално изненадување, тоа подарок за роденденот на Луна, беше извезено со монистри нејзиното име на микрофон. Кога гледав во живо како се отвараат сите подароци и коментираат, мислам дека најмногу се израдува на подарокот од Македонија изреализиран од повеќе фанови кои го следат ова шоу“, вели Блажевска за „Медиасет.мк“.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1061509934233785&id=100011243659118

Моника има облекувано низа на познати личности од нашата земја, па претпоставувавме дека би и било предизвик да направи нешто и за лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

„Неодамна направив и машка колекција на кошули, елеци и вратоврски, инспирирани од филмот ‘Медена земја’. Пчелата беше мотив кој го разработив во повеќе варијанти, па ете во случајов на Мицковски и Заев би им препорачала да носат по една пчелка со која би се гордееле“, вели таа низ смеа.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1039181126466666&id=100011243659118

Како уникатен дизајнер и уметник, Блажевска смета дека чесните и работливите можат да успеат секаде, па дури и во Македонија. Среќата ја барала и во Малта, каде живее нејзиниот брат, каде успеала да собере голем број на клиенти. Но, сепак, тоа е само искуство за кое вели дека и помогнало да има уште поголема самодоверба.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1047761792275266&id=100011243659118

„Јас имав можност и сеуште имам да отидам надвор, но сепак сметам дека оние луѓе што се вредни, чесни, работливи, можат да успеат сегде. Тоа си го докажав и сама на себе, кога пред две години заминав во Малта кај брат ми и сосема случајно се придружив на група уметници кои цртаа на улица. Јас земав неколку маици, ги цртав седејќи на тротоар, па така секоја вечер собирав публика околу мене од стотици луѓе кои поминуваа, имав нарачки, неможев ни да постигнам, на крај кога ми заврши одморот среќна се вратив во Македонија со уште поголема самодоверба дека можам секаде да заработам па дури и на улица“, раскажува Моника во разговорот за „Медиасет.мк“.

Познато е дека ако сакаш нешто да добиеш, тогаш треба да вложиш. Блажевска успеала на 25 години да ја отвори својата прва галерија, за да го создаде и брендот „БМ дизајн“ на кој денеска е најмногу горда.

„Се борев секој ден, секој ден беше ново искушение, да издржам некако да го поминам месецот. Беше тешко да тргнам од себеси да не си дозволам да си купам нешто а да ги платам трошоците. Сето ова ме изгради како јака личност, научив да не се плашам, најмалку од работа, да ги прифатам сите потешкотии, да ги научам луѓето“, смета Блажевска.

Ако ви треба уникатен подарок, сакате уникатно парче облека, можеби портрет, тогаш веќе треба да знаете каде да се обратите. Моника ја прашавме и дали има омилени парчиња облека, а таа нескромно кажа дека од женските најбарани се ликот на Мерлин Монро, Одри Хепберн и Густав Климт. А пак, мажите најмногу сакаат облека со натписи, ликот на нивните девојки, миленици.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1047736035611175&id=100011243659118

„ Последниве години можам да забележам дека постои повеќе храброст да се носи нешто уникатно и впечатливо. Луѓето сакаат да носат убава дизајнирана маица, некој испишан детал кој им значи. Како нација мислам дека се грижиме колку толку и сакаме да изгледаме дотерани и убави, за разлика од другите земји каде и не се замараат“, вели Моника Блажевска.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: