Медиасет.мк

#ДОСИЕ

(ВИДЕО) Баба и дедо од Солунско: И до ден денешен, зборуваме само македонски

На видеото подолу, може да видите баба и дедо кои живеат во Неа Халкидоња, Солунско. Тие на новинарот му објаснуваат дека тука се родени и целиот свој живот таму живеат, но и дека нивни мајчин јазик е македонскиот.

„Јас сум Трајко Мајнов, а по грчки Јоанис Манос“, вели дедо Трајко.

„Јас сум Благородна Мајнова, по презимето од татко ми, Попова. По грчки, Вангелица Ману Пападополу“, вели баба Благородна.

На прашањето од новинарот каде го научиле македонскиот јазик, тие низ смеа раскажуваат:

-Абе ние се родивме тука, нашите родители тука немаа друг јазик, зборуваа само македонски. И до ден денешен, Трајко зборува само македонски, вели баба Благородна.

Тука сме си родени, од тука ќе си заминеме, велат низ смеа бабичката Благородна и дедо Трајко.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: