Медиасет.мк

#ЖИВОТ

ВИДЕО: „Bad guy“ на Били Ајлиш топ сингл во светот минатата година

Песната Bad Guy („Лошо момче“) на Били Ајлиш е прогласена за топ-сингл за 2019 година во светски рамки од страна на дискографската индустрија.

„Лошо момче“, петтиот сингл од првиот албум на 18-годишната американска пејачка, „Кога ќе заспиеме, каде одиме?“ беше хит во целиот свет и најслушана песна на годината.

Во официјалното видео на Bad Guy, кое имало 809 милиони прегледи на Јутјуб, таа ја завршува песната со необична сцена со вкрстени нозе.

Меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI), којашто ја претставува индустријата за звук, тврди дека песната се најде на врвот на нивната дигитална скала синглови, со 19,5 милиони еквиваленти на песната, пред Old Town Road на Лил Нас икс, која се најде на второто место со 18,4 милиони еквиваленти на песната.

Минатиот месец беше соопштено дека Ајлиш ќе ја пее насловната нумера на новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“ со што таа стана најмлада музичарка која што снимила тематска песна за познатата франшиза.

18-годишната Били Ајлиш, една од најпознатите млади музичарки на денешницата, досега има освоено пет награди „Греми“  – за најдобар млад изведувач, најдобар  вокален поп-албум, песна на годината и најдобар сингл на годината, како и албум на годината.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: