Медиасет

(Видео) Бијонсе ја поддржа Камала на митингот

Објавено на

Суперѕвездата Бијонсе се појави на сцената на предизборниот митинг на Камала Харис во Хјустон доцна вчера, не за да пее, туку за да ја поддржи претседателската кандидатка на Демократите во клучно време пред изборите на 5 ноември.

Бијонсе, која е родена во Хјустон, се појави на сцената со овации од толпата од околу 30.000 луѓе на кампањата на потпретседателката Харис за правата на абортусот. Таа беше придружувана од колешка од поранешната група Destiny’s Child.

Таа не пееше, туку на насобраните им се обрати неколку минути.

„Јас не сум овде како ѕвезда. Не сум тука како политичар. Тука сум како мајка. Вашата слобода е ваше право дадено од Бога, ваше човеково право”, рекла Бијонсе.

Таа потоа ја најави Камала Харис, која излезе на сцената на песната што стана нејзина химна: Freedom, од албумот на Бијонсе од 2016 година Lemonade.

Трендинг

Exit mobile version