Групата ДНК вечерва го промовира новиот спот и песна насловена како „Јави ми“. Видеото е направено со анимација, а во него, се вметнати многу познати личности, од Владо Јанески, Елена Ристеска, водителката Снеже Велков, бројни пејачи и артисти, до политичари како Ахи Ахмети, Христијан Мицкоски, Зоран Заев. Во спотот е прикажан и Бојан Јовановски-Боки 13 во затворска келија.
Спотот ги воодушеви сите, но и композицијата која е дело на Лазар Цветковски и Владимир Блажев-Панчо.