#ЏЕТ-СЕТ
(ВИДЕО) Боксер нападнал човек кој се обидел да украде бебе од количка
Брајан Кимсли, (33) спасил бебе минатиот понеделник што некој се обидел да го киднапира во Њујорк.
Имено, кога видел непознат маж како се обидува да земе бебе од количката на мајка која имала уште едно бебе во рацете, Брајан побрзал и го запрел благодарение на неговите боречки вештини.
Тој го совладал киднаперот и го држел сè додека не дошла полицијата.
„Прво го одвлечкав од мајката, давајќи и шанса да се извлече и на крајот морав да го заштитам од насобраната толпа“, рече тој за Њујорк пост.
Некој ја снимил целата ситуација, а Брајан ги сподели снимките на Фејсбук.
Брајан е тренер за тајландски бокс, но овој пат искористил потези од џиу џицу.
“Навистина не сакам џиу џицу, тренингот не е многу забавен, но навистина го почитувам. Кога станува збор за улични борби и самоодбрана, тоа е незаменливо”, објасни тој на социјалните мрежи.
Тој додаде дека верува дека уличните борби сепак треба да бидат последниот начин.
„Луѓето не треба да се појавуваат веднаш и да напаѓаат. Ние секогаш треба да се обидуваме да ја решиме ситуацијата на мирен и безбеден начин пред да ескалира“, заклучил тој.