Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Борат направи хаос во шоуто на Џими Кимел

Саша Барон Коен беше гостин во емисијата на Џими Кимел за да го промовира продолжението на Борат што излегува за неколку дена, а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Продолжението на хитот од 2006 година, наречен Borat: Gift of Pornographic Monkey to Vice Premiere Mikhael Pence to Make Benefit Recently Diminished Nation of Kazakhstan ќе се појави за неколку дена, а Коен го промовира филмот со Кимел како насловен лик.

Но, првите осум минути од клипот, кој е објавен на Јутјуб и го гледале повеќе од 730 000 луѓе од вчера, се состои од низа „медицински“ прашања и интимни методи за физичко испитување на презентерот.

Така Борат го започнал прегледот на Кимел со „нормалното казахстанско прашање на чумата“. „Дали сте биле во контакт со Евреите последната недела?“, го праша домаќинот, кој веднаш пукна од смеа и конечно, откако се појави жената што ја игра ќерката на Борат, тој остана без панталони. Како изгледаше, можете да видите подолу.

Трендинг

На почеток
error: