Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

ВИДЕО: Борбата меѓу орел и змија заврши неочекувано

Несекојдневна снимка од борба меѓу орел и змија е снимена во Италија од страна на случаен минувач.

Според пишувањето на порталот Paesanews.it, орелот се обидел да ја улови змијата долга околу еден метар, но ја фатил незгодно и таа успеала да се обвие околу него, згрчувајќи се во драматичен клинч со неизвесен исход.

Во грчевитата и сурова борба, на крајот пресудува човекот, кој по неколкуминутен напор успева да го ослободи орелот од цврстите стеги на змијата. Величенствената птица миг подоцна летнува, во потрага по нов плен. И змијата, која за својот живот може да ѝ се заблагодари на среќата, колку на сопствената истрајност и храброст, е пуштена во природата, пишува италијанскиот портал.

Трендинг

На почеток
error: