Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Брус Вилис повторно во улогата на Џон Меклејн, но во реклама

Брус Вилис во 80-те и 90-те години од минатиот век се прослави во улогата на Џон Меклејн во серијалот акциони филмови „Умри машки“.

Сега тој ја повтори улогата, но во реклама за „Die Hard“ акумулаторите, коишто „умираат машки, ама не се предаваат лесно“. Секако, и оваа приказна има многу акциони елементи во себе.

https://youtu.be/W7kFGGFI9Xo

Некои од коментарите гласат „малку е тажно што денес Џон Меклејн е пародија на самиот себе“, а и последниот филм „Умри машки“, од 2013 година, доволно направи за уривање на уледот на серијалот.

Наредните филмови во кои Вилис ќе глуми, се годинашните „Hard Kill“ и „Survive the Night“, a најавено е и можно продолжение на „Умри машки“, под наслов „Меклејн“, во кое тој можеби ќе глуми, но сѐ уште ништо не е познато.

Трендинг

На почеток
error: