Победник на овогодинешната Евровизија 2026 е Бугарија, која ја претставуваше Дара со песната Bangaranga.Дара со својот настап ги воодушеви и публиката и жирито и убедливо триумфираше на 70. издание на музичкото натпреварување, кое годинава се одржа во Виена.Победничката песна комбинира модерен електро-поп звук со балкански ритми, поради што брзо стана една од омилените меѓу фановите на Евровизија.На второто место заврши Израел.Во финалето на Евровизија учествуваа 25 земји, а победникот беше избран врз основа на гласовите од публиката и националните жири-комисии од 35 држави.
