Медиасет.мк

#ТРЕНД

(Видео) Careless Whisper на Џорџ Мајкл прогласена за најомилена песна на сите времиња

Ким Кардашијан Вест негираше какво било знаење за античка римска скулптура која била увезена под нејзино име во 2016 година.

Скулптурата – позната како Фрагмент од Мироновата Атeна – била дел од пратка вредна 750.000 долари, којашто била запленета од американски царински службеници бидејќи била украдена, шверцувана и нелегално извезена од Италија.

Уметничкото дело датира од првиот век и било увезено во Лос Анџелес во 2016 година под името на Ким.

Нејзин портпарол изјави: „Ким никогаш не го купила ова парче и сега првпат дознава за неговото постоење.“

„Веруваме дека можеби е купено со нејзино име без одобрение и затоа што никогаш го нема добиено, таа не била свесна за трансакцијата. Ние охрабруваме истрага и се надеваме дека ќе им се врати на вистинските сопственици.“

Кога царински службеници го испитуваа „Ноел Робертс траст“ – колективно име за фондот Freeman Group, Inc. & Kim Kardashian – тие покажаа сметкопотврда за статуа купена во Париз во 2012 година.



Трендинг

На почеток
error: