Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

(ВИДЕО) Д-р Шокаровски: Луѓето веќе сфатија дека органодарителството е најхуманото нешто што може да го направат

Медиасет.мк
пред 5 години
sokarovski

„Клиниката за кардиохирургија е извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава. Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која траеше 5 часа. Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи“, оваа вест беше главна тема на сите медиуми на 31 мај годинава, кога и се изврши третата  трансплантација на срце во земјава.

Дел од заслужниот тим кој успешно ги изврши овие операции е и охриѓанецот кардиохирургот д-р Марјан Шокаровски, вработен во Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија при Клиничкиот Комлекс „Мајка Тереза”.

„Долго време работевме на подготовка на протоколи на условите, за на крај како круна на целата работа да заврши со успех првата трансплантација и уште неколку после тоа. Верувајте не беше лесно сето тоа да се организира. Ова е нешто ново во Македонија. Прво требаше да се поттикне јавната свест, да се подготви се за на крај да имаме успех“, вели д-р Шокаровски.

Доктор Шокаровски објаснува кога тимот се одлучува за ваква операција и вели:

„За да се постави индикација за мозочна смрт, поточно едно тело да биде донор, треба да се постави индикација за трансплантација или дијагноза мозочна смрт. мозочната смрт, значи и фактичка смрт и покрај тоа што дел од органите се сеуште живи и само прашање на време е колку тие органи ќе можат да преживеат во телото. Многу е битно да се каже дека тој простор од дијагнозата на мозочна смрт до користењето на тие органи е кратко и треба брзо да се реагира. Траба да се направат сите дијагностички и клинички испитувања кај пациентот кој е потенцијален донор, за да се верифицира таа мозочна за да може да тргне тој процес на трансплантација“, вели  д-р Шокаровски.

Д- р Шокаровски открива и други детали за органидарителството, но и вели среќен е што поради тоа што во македонија расте свеста за органодарителство.

Разговорот во целост со Д- р Шокаровски во целост може да го погледнете во продолжение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 1 ден

media-library52jne48kf5a85eFV5I3

(Видео) „Единственото знаме што го носам низ светот е македонското“, рече Самарџиќ и ги запеа „Македонско девојче“, „Како што е таа чаша“...

Сцена | пред 1 ден

media-libraryl4c9nvfg045jaLOM8V4

(Видео) Емотивен гест во Мајами: Де Пол го посвети голот на Меси

Сцена | пред 1 ден

media-library041t09pgms77eY1Ga2Q

(Видео) Наместо хамбургер – Subway Surfers: Деца во Франција го „хакнаа“ терминалот за нарачки на Мекдоналдс

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања