Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Џенифер Лопез се повреди среде концертот, но продолжи да пее

lo

Џенифер Лопез продолжи да пее и покрај тоа што за време на настапот се здобила со посекотина на подлактицата, од која ѝ течела крв. Снимката од инцидентот, направена од посетител на концертот, подоцна се прошири на TikTok.

На видеото се гледа како пејачката продолжува со настапот и покрај повредата. Лопез не го прекинала изведувањето, туку ја завршила песната, а со повредата се справила по настапот.

Авторот на снимката ја пофалил нејзината професионалност, нарекувајќи ја „кралица“ и истакнувајќи дека продолжила да настапува иако се повредила на сцената.

Во коментарите, дел од обожавателите се обиделе да претпостават како дошло до повредата. Некои сметаат дека можеби се исекла на костимот, украсен со кристали и со прорези, додека танцувала, додека други претпоставуваат дека поради адреналинот во текот на настапот можеби не ја почувствувала повредата веднаш.

Снимката наводно е направена за време на нејзината турнеја „Up All Night“. Во рамките на турнејата, Лопез настапувала во Европа, Азија и Африка во текот на јули и август 2025 година.

Потоа, од декември 2025 до март 2026 година, таа одржала 12 концерти во Лас Вегас, во „Колосеумот“ во „Цезарс палас“.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
tejlor-svift-1200x675-1

Тејлор Свифт добива своја изложба во музеј во Бостон, ќе бидат изложени над 50 предмети

пред 1 час
277910494_401685251332515_2272275829076403867_n

Лозано најави седум настапи во САД и голем солистички концерт во Скопје

пред 4 часа
severina

Бура во Тузла поради Северина: Покрената петиција за откажување на новогодишниот концерт

пред 9 часа
media-library8d042j9bkidk1J86Aca ВИДЕО

(Видео) Спасен Сиљаноски ги воодушеви фудбалските ветерани во Битола: Го повикале од Скопје да им ја испее „Мајка“, а тој веднаш тргнал!

пред 9 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања