Медиасет
(Видео) Дончиќ направи чуда, имаше трипл-дабл, но не можеше сам против Бостон
Бостон Селтикс го победи Далас Маверикс синоќа во вториот натпревар од финалето на НБА со 105:98.
Пред овој меч имаше одредени сомнежи дали Лука Дончиќ ќе може да игра, но словенецот на крајот одигра и забележа трипл-дабл.
Ниту неговите 32 поени и 11 скока и асистенција со 12/21 од поле не му беа доволни на порасположениот тим на Бостон, кој води со 2:0 во серијата.
Лука на теренот мина 42 минути, а изостана настапот на Кајри Ирвинг, имаше 7/18 од поле, само 16 поени и без својот десен елемент не можеше да му парира на ривалот.
Далас во текот на четвртата четвртина успеа само да го задржи темпото, но не и да направи пресврт кој ќе се вратеше во серија, па сега тоа ќе се обиде да го направи на својот домашен паркет. Следниот меч двете селекции го играат на 13 јуни, а четвртиот на 15 јуни.