Во последната епизода на Нешто Конкретно темата беа Парите, Мажите и Жените а гостите коментираа на вечната дилема:За мир во куќа кој треба да биде финансисер а кој финансиски менаџер но и зошто жената треба да крие пари од мажот?
Разноликоста на гостите донесе одлични коментари но и поука дека Кога ќе настане кавга за пари жената е секогаш во право!
Бизнисменот и Финансиски ментор пак Зоран Витанов даде свое видување од призмата на парите па рече: Држете ја жената до себе а парите подалеку од себе но како маж заклучи и Не е глупав мажот што на љубовницата и купува кола тоа се вика КОМПЕНЗАЦИЈА!
Нашата позната манекенка пак Дунавка Трифуновска кажа дека секогаш бира кеш пред картица и дека верува во љубовни приказни помеѓу мажи кои на љубовниците им купуваат скапи коли, подароци и патувања.- Јас на работите не гледам така сурово!
Пејачката од Куба Јасмин Лопез пак, која е мажена за македонец и живее во Скопје повеке од 10 години, имаше интересни заклучоци но направи разлика и помеѓу Македонија и Куба па рече: Во Куба мажот оди со тебе по продавници и тој одлучува што треба да купиш па додаде Македонските мажи кога имаат ти даваат се
