Медиасет

(Видео) Експлозија во вилата на Здравко Чолиќ: семејството било дома, оштетени фасадата и оградата на куќата

Објавено на

На семејната куќа на познатиот пејач Здравко Чолиќ на Дедиње ноќеска е фрлена експлозивна направа.Според информации од Telegraf и Blic, во моментот на експлозијата во вилата биле Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара, а сите спиеле кога страшниот звук ги разбудил. Старaта ќерка, Уна, тогаш не била дома.Увидот на местото на настанот сè уште трае, а го раководи јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград. Полицијата ја блокираше улицата, додека форензичарите се обидуваат да изолираат ДНК трагови од остатоците на експлозивната направа.Во моментов се симнуваат снимки од сите безбедносни камери на вилата, како и од соседните објекти на Дедиње. Се верува дека напаѓачот имал помагач кој го чекал во возило на некоја од соседните улици.„Ова е директен напад на имотот, но имајќи предвид дека целото семејство било внатре, среќа е што никој не е повреден. Штетата на автомобилите и објектот е огромна, но човечките животи беа најзагрозени“, изјави извор близок до истрагата.Комшиите известуваат дека се слушнала „страшна детонација“ која ги вознемирила.Комшиите велат дека експлозијата била толку силна што алармните системи на возилата низ целата улица се активиралеВилата има голем двор со две порти и високи мерки за безбедност. Експлозијата предизвикала голема материјална штета.Според неофицијални информации на „Blic“, пријавени се оштетувања на фасадата и оградата на куќата на Дедиње, како и помали оштетувања на стаклото на паркираното возило.Чолиќ и неговото семејство се вселија во оваа вила пред околу година и пол, откако ја продале недвижнината на Коштуњак. Вилата била продадена за околу еден милион евра, а пејачот се вратил на Дедиње, каде живеел порано.

Трендинг

Exit mobile version