Лара Трпческа, ќерката на виртуозот на пијано, Симон Трпчески го препеа хитот на Тоше Проески, „За овој свет“. Таа заедно со својот татко, песната првпат ја испеа на годинашната „Златна бубамара“.
Песната има македонска и англиска верзија, а видеото е снимено во Филхармонија. Лара на пијано ја придружува нејзиниот славен татко, но и нејзините пријатели, детски хор подготвен од Тоше Митрев, Влатко Нушев, младинскиот хор од „Про Арс“ и Хорот на Младинскиот културен центар, под раководство на диригентот Сашо Татарчевски.
Музиката и текстот на англиски јазик се на Младен Марковиќ, текстот на македонски јазик е на Весна Малинова, а аранжманот на оваа верзија на песната го направија Симон Трпчески и Влатко Нушев. Во песната се вклучени и елементи од проектот „Македонисимо“.