Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Еве што прави Немо по возбудливото финале и големиот успех

Победник на Евровизија 2024 е Швајцарија, која ја претставува Немо со песната „The Code“.

Иако хрватскиот претставник Бејби Лазања беше убедлив фаворит во обложувалниците од моментот кога беа познати учеснициите кои учествуваат во финалето на натпреварот, победата на Евровизија 2024 сепак ја однесе Швајцарија.

Немо има 25 години и се декларира како небинарна личност, а сега по победата тоа го објави на својот Инстаграм профил.

Немо сподели видео од неговото трчање низ ливада, а во описот имаше само срце.

Иако по победата на Швајцарија, дел од јавноста се побуни бидејќи сметаше дека победата е украдена од Бејби Лазања, во коментарите на Инстаграм сите го поддржаа Немо.

„Честитки, заслужена победа“, „Те сакаме“, „Сосема заслужено“, „Горди сме на тебе и верувањата за кои се залагаш“, „Победи добрата страна“, „Одлична песна и изведба, прекрасно човечко битие“, се некои од коментарите под објавата.

На почеток
error: