Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВИДЕО) Газда на бутик со пиштол сотре тројца разбојници

Драматична снимка од пукање во Бразил, покажува како еден сопственик на продавница за спортска облека им се спротивставува на тројца разбојници кои сакале да го ограбат бутикот.

Инцидентот се случил во градот Сорокаба, на 75 километри од Сао Паоло.

Безбедносната камера „фатила“ како тројцата криминалци го држат на нишан газдата на бутикот, кој полека се движи од позади касата кон нив. На изненадување на разбојниците, во еден момент тој вади пиштол сокриен во појасот и веднаш почнува да пука.

Еден од ограбувачите стигна да истрела еден куршум кон сопственикот на продавницата, но промаши, а веднаш потоа беше погоден, додека газдата на продавницата продолжи да ги решета ограбувачите и откако паднаа на земја.

Според полицијата, двајца од разбојниците починале на местото, додека третиот бил ранет и успеал да побегне, пред и тој да им подлегне на раните.

Сопственикот на продавницата избегал, а со себе го зел и пиштолот. Засега нема информации за тоа дали против него ќе биде подигнато обвинение.

https://youtu.be/0K8Cipp8NMk

На почеток
error: