Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

(ВИДЕО) Георгиески: Периодот што сега го добиваме е многу подобар од тој во Баку - одговорно тврдам и ви гарантирам дека сите задолженија ние ќе ги завршиме

Медиасет.мк
пред 5 години
kosta1-1-1

„Препораките кои што ги имавме во 2017 година и кои беа на сесија во Баку 2019 год, ние имавме задолженија да ги завршиме до јуни 2020 година. Но, реактивната мисија дојде само после шест месеци и извештајот кој беше сега на разгледување на сесија не ги содржеше сите напредоци. Сега периодот што го добиваме и одлуката која сега ја донесе комитетот за светско, природно и културно наследство на УНЕСКО е многу подобра него таа во Баку, затоа што сега имаме цели две години да работиме посветено, храбро и одлучно и да ги спроведеме препораките“, истакна градоначалникот Константин Георгиески, одговарајќи на новинарски прашања на тема УНЕСКО.

„Јас одговорно ви тврдам и ви гарантирам дека сите задолженија кои се во надлежност на Општина Охрид ние ќе ги завршиме како и до сега и во однос на исполнувањето на препораките ќе треба исто така и надлежностите кои се под министерство за култура, транспорт и врски исто така да ги исполнат. Мислам дека оваа одлука сега е еден значителен исчекор напред и Охрид е во далеку подобра состојба него во 2019 година со тој ултиматум кој што го имавме до јуни 2020 година“, категоричен е Георгиески.

Градоначалникот  вели дека и општината но и Владата со сите институции се цврсто решени да ги корегираат сите неправилности кои се како забелешка на УНЕСКО, се со цел Охрид да остане под закрило на оваа институција.

„Не е само старото градско јадро надлежност на транспорт и врски, а тоа ќе го извршува Агенција за просторно и урбанистичко планирање за тие 19 урбани блока во старото градско јадро, кое е едно од забелешките на УНЕСКО. Но тука се и поставување на нови траси за пругата према Лин, Албанија, нова траса за автопатот Ќафасан  - Требеништа, дислокацијата и решавањето на Буково ... Инаку ние како општина имаме задача согласно новите препораки, согласно одлуката на комитетот од вчера да ги исчистиме сите објекти кои се за отстранување, да ги усогласиме барем 30% од детелните урбанистички планови во градот со планот за УНЕСКО, а се надевам дека до изборите и ГУП -от конечно ќе го донесиме. Наша друга надлежност е реажурирање на инвентарот на бесправните објекти и следна фаза по расчистување на крајбрежјето, најверојатно во 2023 година, да почнеме со расчистување на објектите кои се во Нацоналниот парк Галичица.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Бивша вработена на крузер открива: „Љубовта меѓу колеги на брод има и мрачна страна“

Патувања | пред 15 часа

media-library7ed8kr3fjul65xn852f

Оваа плажа некогаш била депонија: Денес наместо песок има милиони шарени парчиња стакло

Патувања | пред 21 час

media-library52jne48kf5a85eFV5I3

(Видео) „Единственото знаме што го носам низ светот е македонското“, рече Самарџиќ и ги запеа „Македонско девојче“, „Како што е таа чаша“...

Сцена | пред 22 часа

media-libraryl4c9nvfg045jaLOM8V4

(Видео) Емотивен гест во Мајами: Де Пол го посвети голот на Меси

Сцена | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања