Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

(ВИДЕО) Георгиески: Советниците од ВМРО ДПМНЕ избегаа за да не гласаат за точката со која на инвеститорите на станбени згради им се забранува употребата на дигалки во паркинзите

Медиасет.мк
пред 5 години
kosta-3

Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на совет. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека сите причини кои ги наведе советничката група од ВМРО ДПМНЕ, не се вистинската причина поради која тие ја напуштија седницата затоа што на сите тие точки можеа да гласаат против.

„Но, на денешната седница се наоѓа една точка, за која тие едноставно не можее да гласаат против, а немаа храброст да гласаат „ЗА“. Тоа е точката под реден број 55 со која што на инвеститорите на станбени згради им се забранува употребата на дигалки во паркинзите со што значително се воведува ред во паркирањето и сузбивањето на урбаниот хаос. По резултат на притисоците на урбаната мафија и сите кои го извртуваат законот и предвидуваат употреба на механички дигалки, советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја искористи оваа причина со Водовод и поскапувањето на водата да си најде оправдување и да избега од носење на една ваква крупна одлука која ќе воведеше ред во функционирањето на паркирањето“, истакна Георгиески.

Тој додаде дека како и многу пати до сега нивната политика уште еднаш излезе на виделина.

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ одлучи да не гласа денес за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди, за субвенционирање на кајчарите, на општинскиот линиски превоз, на давателите на угостителски услуги во селските домакинства, на туристичките водичи и други важни одлуки“, истакна Георгиески..

Градоначалникот додаде дека што се однесува до обвинувањата околу ЈП Водовод, вчера со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко го потпишале договорот за превземање на долговите од ЈП Колекторски систем, со што 72 та милиони денари кои беа долг на Општина Охрид, према Министертво за финансии, сега Општина Охрид нема долг према Министерството.

„На почетокот на мај ќе донесиме одлука за задолжување на општината за преостанатиот блок и конечно да ја деблокираме општината. Што се однесува до цената на водата таа се покачува за нецел денар по метар кубен во следните три години. ЈП има загуба, но има средстав кои останаа заробени во „Еуростандард банката“, вели градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 18 часа

media-library52jne48kf5a85eFV5I3

(Видео) „Единственото знаме што го носам низ светот е македонското“, рече Самарџиќ и ги запеа „Македонско девојче“, „Како што е таа чаша“...

Сцена | пред 23 часа

media-libraryl4c9nvfg045jaLOM8V4

(Видео) Емотивен гест во Мајами: Де Пол го посвети голот на Меси

Сцена | пред 1 ден

media-library041t09pgms77eY1Ga2Q

(Видео) Наместо хамбургер – Subway Surfers: Деца во Франција го „хакнаа“ терминалот за нарачки на Мекдоналдс

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања