#ЖИВОТ

ВИДЕО: Група полицајци со три возила апсеа момче кое шета миленик во Скопје

Објавено на

Полицајци во цивилна облека, неколку во униформа, два полициски автомобили и едно полициско комбе интервенирале за приведување на момче кое шетало миленик во Скопје. Неофицијално, станува збор за случка во скопска Кисела Вода.

Од снимката објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ може да се види дека станува збор за дете, кое со својот миленик, со комбе на полицијата е однесено во станица.

На социјалните мрежи, под снимката, се коментира дека станува збор за класично изживување врз момчето.

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version