Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Хари Мата Хари и Халид Бешлиќ славеле во кафеана, ги растерала полицијата

Иако се уште има мерки за забрана поради коронавирусот, во Сараево имало приватна забава на која биле пејачите Халид Бешлиќ, Шериф Коњевиќ, Хари Варешановиќ, Слаѓана Мандиќ, Семир Цериќ Коке, потоа деканот на Ветеринарскиот факултет во Сараево Нихад Фејзиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Коштарац, пишува Klix.

Забавата била во ресторан зад спуштени ролетни, а тие во ресторанот наздравувале и пееле. Пејачката Слаѓана Мандиќ тоа го споделила на Инстаграм, а потоа ги избришала видеата, но тие пак завршиле на Youtube.

По пријавата, полицијата за 15 минути пристигнала во ресторанот. Гостите се казнети со по 500 КМ, а газдата на ресторанот ќе заработи казна помеѓу 2.000 и 10.000 КМ.

„Срамота, ова е неверојатно! Луѓе што преку ден повикуваат строго да се почитуваат мерките, вечерта самите ги уриваат, додека половина милион луѓе во градот се во карантин. Никој не е над законот и сите ќе си ги добијат казните“, изјавил за сараевски „Аваз“ министерот за внатрешни работи Исмир Јусо.

https://youtu.be/5mQLTvp_-u8

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: