Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Даниел Данн го испеа хитот „Два авиона“ заедно со Емина Јаховиќ

Поп-пејачот Даниел Данн заедно со Емина Јаховиќ го испеа нејзиниот хит „Два авиона“. Оваа песна Емина оригинално ја пее во дует со Жељко Јоксимовиќ. Емина и Даниел се дружеа во Истанбул пред една година, а македонскиот пејач дури сега го сподели видеото на Јутјуб.

„Тој е неоткриен глас, неоткриен талент. Ова е навистина неверојатно. За мене ова е големо изненадување“, вели Емина.

Македонскиот пејач, кој периодов нема настапи поради пандемијата со коронавирусот, со својот бенд снима видеа и направи преработки на некои од најголемите македонски хитови. Тој веќе ги препеа „Не сум твој тип“ од „Дупер“, „Сонце во твоите руси коси“ од Тоше Проески и „Јако јако“ од Лозано.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: