Принцезата од Велс (42) сподели дека има рак преку видео порака, која доаѓа откако Кенсингтонската палата на 17 јануари објави дека принцезата Кејт била подложена на „планирана операција на абдоменот“.
Во емотивната видео порака , снимена во Виндзор во средата, Кејт Мидлтон откри дека веста била „огромен шок“ и дека таа и Вилијам „направиле се што можеле за да ги заштитат децата и семејството“.Дијагнозата дојде неколку дена откако принцезата e видена како се смее со принцот Вилијам додека ја напуштаа својата омилена фарма во близина на нивниот дом во Виндзор.Според принцезата, им било потребно време да им објаснат сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што им одговара и да ги уверат дека ќе бидам добро.
„Добро сум и секој ден станувам се посилна, се фокусирам на работи кои ќе ми помогнат да заздравам. Да го имам Вилијам покрај мене е исто така голема поддршка и утеха. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажуваат многумина од вас тоа многу ни значи на двајцата“, вели таа.
Чарлс ја посетил својата снаа во болница и поминал извесно време со неа.
„Кралот е горд на Кетрин за нејзината храброст да зборува за нејзината дијагноза и останува во близок контакт со нејзината сакана снаа“, соопшти Бакингемската палата по објавата на принцезата од Велс.
Принцот Хари и Меган Маркл ѝ испраќаат добри желби на Кејт Мидлтон откако принцезата од Велс откри дека ѝ е дијагностициран рак.
„Посакуваме здравје и исцелување за Кејт и семејството и се надеваме дека ќе можат да го сторат тоа приватно и во мир“, рече портпаролот на Сасекс во изјавата до која дојде „Ројтерс“.