Медиасет

(Видео) Климата откажала во авионот на „Катар ервејс“, луѓе се онесвестиле: „Замислете да сте три и пол часа во сауна!“

Објавено на

Патниците се соблекле, од нив капе пот, а други се обидуваат да им помогнат на оние кои се онесвестиле.

Патниците кои требало да летаат од Грција за Катар, останале заробени во авионот чијшто клима уред откажал на пистата на аеродромот во Атина. Патниците не можеле да излезат 3,5 часа додека температурата надвор од авионот достигнала 34 степени Целзиусови. Во самиот авион имало многу повеќе, па патниците се потеле, а некои дури и се онесвестиле, пишува Дејли Мејл.

Меѓу патниците на летот на „Катар ервејс“ имало и неколку спортисти кои требало да се натпреваруваат на тајландскиот боксерски шампионат. Некои од нив ги снимија неподносливите услови во авионот и ги објавија на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како патниците се соблекуваат, од нив капе пот.

По 3,5 часа пекол, на патниците конечно им било дозволено да се симнат и да отидат до зградата на аеродромот.

Локалните извештаи велат дека одложениот лет пристигнал во Доха околу 10.30 часот во средата – речиси 28 часа по неговото планирано слетување од 18.20 часот во вторник.

Клима уредот во комерцијален авион е дизајниран да одржува удобна температура во кабината од приближно 18-22 степени Целзиусови за време на летот.

Системот обично работи така што го зема топлиот воздух што го создаваат моторите на авионот и го лади користејќи го воздухот со ниска температура на голема височина, а потоа го рециркулира воздухот назад низ кабината.

Трендинг

Exit mobile version