Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

ВИДЕО: Коронавирусот и милениците – се што треба да знаете!

Нема докази дека кучињата, мачките или други домашни миленици можат да го пренесат новиот коронавирус SARS-CoV-2 што ја предизвикува болеста COVID-19. COVID-19 воглавно се шири преку капки продуцирани кога инфицирано лице кашла, кива или зборува. За да се заштитите себеси, мијте ги вашите раце често и темелно.

Светската здравствена организација продолжува да ги следи најновите истражувања во врска со оваа и други теми поврзани со COVID-19 и ќе ги објави во јавност новите наоди штом бидат достапни.

За време на пандемијата на COVID-19, близината на домашните миленици на луѓето им пружа утеха и ги чини поздрави. Домашните миленици помагаат во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол и исто така помагаат во менаџирањето на осаменоста и депресијата. Се препорачуваат долги прошетки со кучето или играње со мачката.

Разбирливо е дека во сегашните околности луѓето за загрижени за своите домашни миленици, но, иако е можно новиот коронавирус да потекнува од некој животински извор, нема докази дека животните, вклучително домашните миленици се извор на зараза или се во состојба да го пренесуваат, според Центрите за контрола и превенција на болести во САД.

„Ако не сте заболени со COVID-19, можете да имате интеракција со вашите домашни миленици како и вообичаено, вклучително прошетки, хранење и играње“, велат од Американската асоцијација на ветеринари.

Досега не се забележани случаи на заболување на животните со новиот коронавирус односно COVID-19, но ветеринарните експерти препорачуваат луѓето кои се заразени да избегнуваат контакт со домашните миленици.

Како да се грижам за и имам интеракција со мојот домашен миленик за време на пандемијата на коронавирусот?

Луѓето кои не се заразени со COVID-19 не мораат да се изолираат од своите домашни миленици, но би требало да продолжат со одржувањето адекватна хигиена: мијте ги вашите раце со сапун и вода најмалку 20 секунди пред и после сите интеракции со вашите домашни миленици; осигурајте се дека вашиот домашен миленик е добро негуван; и редовно чистете ги садовите за храна и вода на вашиот домашен миленик, како и постелнината и играчките.

Иако постои можност за трансмисија на коронавирусот меѓу луѓето преку површини какви што се, на пример, животинското крзно или околувратникот на домашниот миленик, сепак не е голема, велат експертите.

Ако вашиот домашен миленик има интеракција со вас или други, постои мала веројатност животното да ги пренесе капките на неговото тело или околувратник на други луѓе. Вирусот може да преживее на површини минути или дури и со часови.

Сепак, мазните (непорозни) површини, како на пример кујнските работни маси и кваките, ги пренесуваат вирусите подобро отколку порозните материјали, како на пример хартиените пари и крзното на домашните миленици, па така постои исклучително многу мала веројатност дека новиот коронавирус може да се шири на овој начин.

Дали домашните миленици се заразуваат со коронавируси и дали ветеринарите имаат вакцини за нив?

Постои цел еден свет на коронавируси што ги погодуваат животните, но исто така постојат вакцини за тие коронавируси. Коронавирусот SARS-CoV-2 е нов вирус што не беше откриен до пред неколку месеци. Тој спаѓа во семејството коронавируси, кое за луѓето ги вклучува обичната настинка како и посериозни коронавируси што предизвикуваат болести како што се тешкиот акутен респираторен синдром (SARS) и блискоисточниот респираторен синдром (MERS).

Вакцините за коронавирус за кучиња што се достапни на некои глобални пазари се наменети за заштита од цревна инфекција со коронавирус и не се лиценцирани за заштита од респираторни инфекции, пишува во статијата објавена од Колеџот за ветеринарна медицина и биомедицински науки при Државниот универзитет на Колорадо.

Бидејќи животните можат да ги пренесуваат другите коронавируси на животни, вклучително и на луѓе, тие вакцини се корисни за тие специфични болести. Во статијата се појаснува дека нема апсолутно никаков доказ дека вакцинацијата на кучињата со комерцијално достапните вакцини ќе обезбеди вкрстена заштита од инфекцијата со COVID-19, поради тоа што цревните и респираторните вируси се изразито различни варијанти на коронавирус.

Дали да избегнувам контакт со домашни миленици или други животни доколку сум болен?

Иако нема докази дека животните можат да се заразат или да го шират новиот коронавирус, многу останува непознато во врска со COVID-19. Се препорачува болните луѓе да немаат контакт со домашни миленици или животни, бидејќи постојат други коронавируси што можат да предизвикаат болест кај домашните миленици, како и да бидат пренесени од животните на луѓето. Избегнувањето контакт со вашето животно кога сте болни е секогаш добра мерка на претпазливост за да спречите вашето животно да се разболи, препорачуваат здравствените експерти и ветеринарите.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: