#ТРЕНД

(ВИДЕО) Криси Тајген се збуни и случајно го откри полот на бебето

Објавено на

Манекенката Криси Тајген (34) е бремена по трет пат и сакаше да го скрие полот на детето до последен момент.

Но, поранешната манекенка случајно открила дека очекува син. Се збуни додека се јавуваше во живо на Инстаграм.

Криси, која ја следат повеќе од 30 милиони луѓе на социјалната мрежа, зборуваше во живо за својата бременост и се пофали дека се спасила од силните главоболки со третмани со ботокс. И тогаш и дојде реченицата: ‘И тој расте и добро е што тој е всушност многу големо момче во моментов’. Брзо сфати што сторила и не криеше дека така не планирала, дури ја покри устата.

Фановите и рекоа дека тоа е најдоброто откритие за полот на бебето и со воодушевување и честитаа.

Поранешната манекенка Криси Тајген и сопругот, музичарот Џон Леџенд, инаку споделуваат најголем дел од приватниот живот на социјалните мрежи.

Трендинг

Exit mobile version