Јана Стојановска, ќерка на актерката Силвија Стојановска која беше успсена во акција за трговија со дрога, во магазинот “Бекстејџ” прстот го впери кон новинарите кои според неа претерувале. Таа е убедена во невиноста на својата мајка, а за останатото верува дека ќе се надмине.
“Нема да давам агресивни изјави. Сметам дека имаше сериозно претерување. Зборувам пред се за медиумите. Многу луѓе на светов се осомничени за многу работи, но, не секогаш се обвинети за истите. Малку ми делуваше како неодговорно вперување со прст за некои работи. Што ќе се случи, ќе се случи. Јас сум сигурна во мојот родител бидејќи ја знам откако знам за себе. Јас не сум украла мастика во животов, така сум воспитувана и имаме некои морални кодови кои секогаш биле така. Ова е една дамка која ќе помине најдобро возможно и сите ќе можеме да земеме здив со полни гради”, вели Јана Стојановска.
Ќерката на славната актерка се надева декс правдата ќе биде задоволена. Таа откри дека Силвија чува бебе во домашен притвор.
“Интересно е што луѓето се поделија. Тие што ја знаат и што ја почитуваат и останаа верни, што и мене ми е драго. Исто така, некои други луѓе кои се поскептични околу целата работа.. Нормално… Силвија е дома, чува бебе, во домашен притвор. Првпат во животот е баба и фантастично се носи со улогата”, додава Стојановска.
BACKSTAGE – JANA STOJANOVSKA ZBORUVA ZA APSENJETO NA MAJKA I: “JAS I VERUVAM NA SILVIJA!”
null