Победничката на реалното шоу „Задруга“, Луна Џогани, и нејзиниот свршеник Марко Миљковиќ ќе станат родители. Луна го сними моментот кога на Марко му кажа дека тестот за бременост е позитивен, а потоа видеото го објави на „Јутјуб“.
„Многу сум среќен и горд што ќе станеме родители. Долго го чекавме ова и се радуваме. Сигурен сум дека ќе бидеме прекрасни родители. Не ми е важен полот на бебето, битно да е живо и здраво“, рекол Марко за „Ало“.
Марко и Луна се свршија пред речиси два месеца, откако двајцата излегоа од „Задруга“, каде што се натпреваруваа минатите две сезони. Тие се запознаа во шоуто и таму почна нивната врска, која ја раскинуваа неколку пати.
