Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Македонска песна и емоции: Лазаревска и сопругот Новица настапија во Битола



Фолк-пејачката Татјана Лазаревска, заедно со сопругот Новица Василевски, се врати во Македонија по речиси две години отсуство. Веднаш по пристигнувањето, тие настапија на иселеничка забава во Новаци, Битола, каде што со македонска песна создадоа весела атмосфера. На снимките од настанот се гледа како публиката се забавува на нивната позната песна „Пожар“.

View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Лазаревска и сопругот веќе 12 години живеат во Мелбурн заедно со своите два сина, но секое враќање во татковината го користат за настапи и средби со публиката. Пред настапот во Новаци тие беа дел и од иселеничка забава во Битола, а изминатата недела ја посетија и Охрид, каде што традиционално привлекоа големо внимание од своите обожаватели.




На почеток
error: