Изминатиов период многумина од нас сфатија која и колкава е улогата на докторите, но и сите останати здравствени работници. Сведоци сме дека по појавата на коронавирусот тие се најголемите жртви кои во ризик се ставаат себеси и своето семејство, со цел, да го заштитат општеството, да спасат живот.
И немојте со таа логика дека тие за тоа учеле и земаат плата. Не. Можат да земат боледување, можат да најдат изговор, да се повлечат. Бидејќи знаете, со сила ништо не бива.
Е сега, свесни сме дека во цел свет, а посебно, Италија и Шпанија, граѓаните излегуваа на балконите и аплаудираа за нивните здравствени работници кои по 24 часа поминуваат во болниците за да спасат живот. Кај нас, имаше обид, но беше прерано. Имаше и аплаузи, а ќе има дупло повеќе!
Во продолжение и видеото од медицинска сестра, која беше тргоната кога сите нејзини соседи излегоа на улица и и дадоа аплауз за нејзината пожртвуваност во борбата со коронавирусот. Вака треба, секој од нас. А не, да се криеме по дома бидејќи е медицинска сестра и може да не зарази. Може да не бидеме такви, бар за момент.
https://www.facebook.com/587674607/videos/10157526573754608/