На малата Мила која се лекувала на Клиниката за детски болести во Скопје денес и беше кажано збогум од целиот персонал, откако завшрило нејзиното лекување. Како што е редот, секој што завршил со лекување на детската клиника, тропа на ѕвончето, а победата во борбата која ја издвојувала, се поздравува со голем аплауз од целиот персонал.
„Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата. Денес клоцна една голема грижа, така и треба“, пишува невладината организација „САНО“.
Огромно браво за Мила, огромна поддршка за целиот тим на Клиниката за детски болести!
https://www.facebook.com/1503652413077758/videos/561810597776190/