Медиасет
(Видео) Најголемиот гаф на отворањето на Игрите: Дали забележувате што не е во ред со знамето?
Поделени се мислењата за свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. На некои им се допадна, но се чини дека на повеќето не им се допадна. Но, едно е сигурно, само мал број луѓе го забележаа најголемиот гаф на отворањето на Игрите.
Иако дождот на сите им ги уништи плановите, церемонијата помина речиси совршено, освен една работа.
Имено, во еден момент олимпиското знаме беше подигнато од спротивната страна од она што навистина треба да биде, но организаторите набрзо го забележаа и го коригираа.
За прв пат во историјата на Олимписките игри свеченото отворање се одржа на реката и надвор од стадионот.
Олимпискиот оган заедно го запалија легендарните француски спортисти, атлетичарот Мари-Жозе Перек и џудистот Теди Рине, а пред нив факелот го носеа спортските великани како Надја Команечи, Карл Луис, Серена Вилијамс, Зинедин Зидан, Рафаел Надал, Тони Паркер. , Амели Морезмо…
По палењето на олимпискиот оган, свеченото отворање на Игрите, кое траеше цели четири часа, заврши со настапот на светската музичка ѕвезда Селин Дион.
Свечената церемонија започна со Парадата на народите на чамци на Сена, а во согласност со олимписката традиција, Грција ја предводеше Парадата на народите.