Медиасет

(Видео) Надал ги продолжи подготовките за турнирот во Барселона

Објавено на

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги продолжи подготовките за турнирот во Барселона од серијата 500, а ветувачки е деталот од последниот тренинг.

Освојувачот на 22 Грен слем титули спарираше со Себастијан Баес, моментално 19-ти тенисер во светот.

Тренингот со Чилеанецот, чија омилена подлога е земјена подлога, е јасен показател дека Надал е на добар пат да закрепне и да се врати на теренот.

Баес сезонава освои турнири во Рио и Сантијаго, па само Јаник Синер со три титули има повеќе од него во 2024 година.

Да потсетиме, Надал нема одиграно официјален натпревар од јануари и мечот со Џордан Томпсон во Бризбејн, по кој започна серија откажувања од Австралија Опен.

Егзибицискиот натпревар во Џеда против Карлос Алкараз беше само навестување за враќањето кое никогаш не дојде.

Турнирот во Барселона се игра за награден фонд од 2.782.960 долари.

Трендинг

Exit mobile version