Медиасет

(Видео) Надал го доживеа она што ретко кој во спортот: Ретко кој ќе го надмине ова достигнување

Објавено на

Рафаел Надал играше на стадионот „Рафаел Надал“ и го заврши натпреварувањето во второто коло на турнирот во Барселона, но доживеа нешто што ретко кој успеал да го доживее.

Ретко кој спортист се појавува во арена, стадион или сала што го носи неговото име, а уште поретко е некој спортски објект да се именува така додека некој е сеуште активен играч.

Род Лејвер со години доаѓа на „Род Лејвер Арена“, но така беше именувана години по завршувањето на неговата кариера. И тоа е само еден од ретките случаи во историјата. Надал доживеа во Барселона да одигра натпревар на турнирот кој го има освоено 12 пати, но овој пат на стадионот што го носи неговото име.

Шпанецот беше поразен од Алекс де Минор со 7:5, 6:1, покажа дека се уште не е доволно физички подготвен. Сепак, го доживеа тој момент поради кој вреди да се излезе на теренот. Веројатно за последен пат во Барселона.

Надал им се обрати на навивачите со емотивна порака.

„Играв и бев среќен што го направив тоа на стадионот и специјалниот турнир.

Место, клуб, кој ме гледаше како растев како играч и каде имав толку многу радост.

Сè има почеток и крај и јас повторно би се борел за титулата. Боли, но убаво беше, и денес се игра овде.

Ти благодарам многу за се Барселона“, напиша Надал.

Трендинг

Exit mobile version