Медиасет

(Видео) Нов скандал на Евровизија: Лажирана атмосфера за време на настапот на Израел

Објавено на

На социјалните мрежи се прошири видео од aрената за време на настапот на репрезентативецот на Израел, а се чини дека атмосферата не беше иста како што се прикажуваше на телевизија.

По втората полуфинална вечер на Евровизија, најмногу се зборува за претставникот на Израел, Еден Голан, кој се пласираше во финалето со песната „Ураган“.

За време на нејзиниот телевизиски настап имаше неколку свирежи од публиката, но преовладуваа овации и аплаузи, а се чини дека атмосферата во живо беше поинаква од прикажаната.

На социјалната мрежа Х, снимката од викањето и свирежите на публиката стана вирална, а корисниците кои го споделија видеото објаснија што всушност се случува.

„Потсетување: Ако слушнете како толпата го бодри Израел за време на преносот, тоа е затоа што ЕБУ користи техника за да ја замолчи толпата обидувајќи се да го покрие викањето со лажни навивања за ТВ, но вака беше внатре во арената. “, стои покрај видеото, кое можете да го погледнете подолу.

„Ги исклучија микрофоните на публиката за време на изведбата на Израел и додадоа лажно снимено навивање“, „Ова видео само покажува дека не сите од публиката се согласуваат со она што се случува. Тие ги пригушија реакциите на публиката само за време на изведбата на Израел. ЕБУ го поддржува тоа“, повеќе дел од коментарите од социјалните мрежи заедно со снимки од Арената.

По второто полуфинале, во обложувалниците се зголемија шансите на Израел за победа.

Трендинг

Exit mobile version