Медиасет

(Видео) Новата Нетфликс серија „Господар на мувите“ ги воодушеви гледачите

Објавено на

Мини-серијата Lord of the Flies беше објавена вчера на Netflix во САД и веќе има 94% позитивни критики.Станува збор за адаптација на класикот на Вилијам Голдинг за група момчиња кои по авионска несреќа се наоѓаат на пуст остров. На Rotten Tomatoes серијата веќе има 94% позитивни критики.Серијата ја адаптирал Џек Торн, автор на театарската претстава „Хари Потер и проколнатото дете“ и ТВ серијата „Adolescence“, додека режијата ја потпишува Марк Манден.Приказната следи повеќе од дваесет момчиња од 1950-тите кои, без надзор од возрасни, постепено создаваат општество на тиранија и насилство, со јасна порака за кршливоста на демократијата и тенката линија на цивилизациските правила.Секоја од четирите епизоди става во преден план различен лик, а серијата започнува од перспектива на Пиги, разумно момче кое се обидува да воспостави систем на гласање.Актерот кој го игра Пиги, Дејвид Мекена, вели дека и денес општествените проблеми се исти, иако светот технолошки напредувал.Заедно со Пиги се и Ралф (Винстон Соверс), Џек (Лок Прат) и Сајмон (Ајк Талбут). Според актерите, секој лик претставува различен аспект на човечката природа, а Џек ја симболизира нејзината помрачна страна.Режисерот Манден го опишал снимањето како хаотично поради големиот број деца под 12 години, но токму тој немир сакал да го пренесе и на екранот.Снимањето траело пет месеци, од јули до декември 2024 година, на ненаселени острови во Малезискиот архипелаг.Иако приказната е сурова, актерите велат дека искуството на снимање било пријателско и незаборавно.

Трендинг

Exit mobile version