#ТРЕНД

(ВИДЕО) Новинар уште на турнирот Вимблдон го предупредил Ѓоковиќ дека може да биде суспендиран

Објавено на

Спортскиот новинар на „Дејли мирор“, Нил Меклиман, го предупредил Новак Ѓоковиќ уште на турнирот Вимблдон пред чатири години, дека може да биде суспендиран ако продолжи да мава со тениски топчиња кон публиката.

Снимката од нивниот разговор ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на „Твитер“, по инцидентот што се случи викендов на Ју-Ес опен.

„Што ќе направевте ако топчето удреше некого од публиката? Ако погодевте некого, тоа можеше да биде сериозно“, Меклиман го прашал Новак Ѓоковиќ за време на пресот со новинарите.

„Зошто тогаш не ме суспендираат?“, прашал Ѓоковиќ и објаснил дека тој  не е единствениот кој удира со топчиња, туку дека и другите тенисери во лутина го прават истото.

Трендинг

Exit mobile version