Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Охриѓанец го потресе Балканот: Од алкохоличар стана ѕвезда и финалист во „Sвездите на Гранд“


Охриѓанецот Александар Јосифовски втора година по ред е цел од шоуто „Sвездите на Гранд“. По секој настап од сцената заминува со аплауз, а во настапите ужива и целото жири составено од едни од најголемите балкански ѕвезди. Тој се избори и за пласман во финалето на шоуто, а испеа две песни.

Јосифовски прво ја изведе „Ако можеш заборави“ од Бело Дугме која е дел од албумот снимен во Скопје во 1982 година, а ја пее „Октет Македонија“ и гостува Влатко Стефановски. Со „Угаси ме“ која ја пее Аки од „Парни валјак“, Јосифовски ја „зовре“ атмосферата и направи спектакл на сцнета.

Ментор на Јосифовски е Ѓорѓе Давид. Двајцата се расплакаа на сцената.

„Минатата година го прашувам Саша Поповиќ зошто не помина, а тој вели: Некако нема енергија, нема сила. Овој човек кој седеше пред вас беше ноторен алкохоличар цела сезона и имаше страшни прболеми, не можеше да се отрезни, не знаеше кога е ден, кога е ноќ. Оваа сезона кога го вратив имав само еден услов, да заборави на алкохолот ако сака да влезе во приказната. Видов кој се натпреварува овде, колкава сила и младост имаат во себе. Тој на тоа се согласи“, кажа Ѓорѓе Давид.

Трендинг

На почеток
error: