Медиасет

(Видео) Јокиќ и Бобан Марјановиќ се глупирале на концертот на познатата пејачка, се качиле на масата кога таа пеела хит

Објавено на

Никола Јокиќ летово ќе игра за репрезентацијата на Србија на Олимписките игри во Париз, што ја воодушеви целата нација, а времето до почетокот на подготовките го користи за убаво да се забавува.

Во родниот Сомбор ја искористи приликата да оди на настапот на популарната фолк пејачка Ана Бекута каде според снимките кои се појавија одлично се забавувал.

Друштво му беше уште еден НБА ас и поранешен соиграч од репрезентацијата, Бобан Марјановиќ и беше очигледно дека одлично се забавуваат.

Во еден момент беа понесени од песната кога Бекута го испеа еден од најголемите хитови на „бекри“, па скокнаа на масата и заиграа.

Тие ги кренаа рацете во воздух, се прегрнаа и почнаа да танцуваат, а со тоа ги воодушевија сите присутни.

Трендинг

Exit mobile version