#ТРЕНД
ВИДЕО: Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Oпен
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од грен слем турнирот во САД откако случајно го погоди линискиот судија со топче.
Српскиот тенисер во четвртфиналето против Пабло Карењо Буста, по изгубениот брејк го фрли топчето зад себе и го погоди линискиот судија. Немаше никаква агресија или намера некој да биде погоден.
Ѓоковиќ беше вознемирен по изгубениот брејк, но немаше намера да го направи ова. Тој ја погоди во незгодно место, директно во врат, по што жената се бореше за воздух.
Таа падна на земја и почна тешко да дише. Мораше да интеревенираат лекарите.
Судиите и супервизорот се состанаа неколку минути, по што решија да го дисквалификуваат Ѓоковиќ. По одлуката на судиите Ѓоковиќ му подаде рака на Буста и замина од теренот.
HOLY CRAP. Djokovic defaulted after he inadvertently hits a ball and strikes a line judge in the neck. She had to leave. pic.twitter.com/BECdydrKFw
— Mark Armstrong (@MarkPArmstrong) September 6, 2020